Сиљановска доживеа дипломатски дебакл во Бугарија, вели Кузеска
Македонската делегација на чело со Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена. Сиљановска и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
-Сиљановска Давкова се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам. Сиљановска оттаму се враќа без никаква конкретна порака или договор. Прашањето е зошто ја плаќаат граѓаните Гордана, за да гледа опери и ужива? Малку ли и беа три месеци на одмор во Охрид летово во вилата?
Ја прашуваме Гордата Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи? Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации? Каде се изгуби ветената и неостварена гордост? Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија? – истакна Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…