Сиљановска ѝ ја честита победата на Јотова: „Со добра волја можеме да ги надминеме предизвиците“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им ја честита победата на претседателските избори во Бугарија на Илијана Јотова и на Кирил Валчев, изразувајќи очекување за соработка заснована врз меѓусебно почитување, отворен дијалог и искрено партнерство.
Во објавата на социјалната мрежа Икс, Сиљановска-Давкова упати честитки од името на македонските граѓани и од свое лично име, посочувајќи дека успехот на Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ.
„Уверена сум дека под нејзиното претседателство Бугарија ќе има конструктивна улога во нашиот регион и во Европа“, порача Сиљановска-Давкова.
Македонската претседателка изрази подготвеност за зајакнување на односите меѓу двете земји и за надминување на отворените прашања.
„Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мирот, стабилноста и просперитетот“, се наведува во пораката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…