Си-Ен-Ен: Милитантите на Хамас се судрија со израелските војници во Појасот Газа
Милитантите на Хамас се судрија со израелските војници во Појасот Газа кај градот Кан Јунис, соопшти денеска военото крило на Хамас – бригадата Ал-Касам, а потврди Си-Ен-Ен
Се чини дека тоа е еден од првите судири меѓу двете страни на копно во Појасот Газа од избувнувањето на војната на 7 октомври, објави Си-Ен-Ен.
Военото крило на Хамас соопшти дека нападнале од заседа два израелски воени булдожери и еден тенк кај градот Кан Јунис во централна Газа, принудувајќи ја израелската армија да се повлече во Израел без своите возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…