Си играат мајтап со народот: И Гаши не ги слушнал навреди како Мицкоски

t

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“, како што објави МИА.  Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање,  имаа националистичките извикувања. 

Натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини фунционери, вице премиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за Економија Дурмиши, но и опозиционерите Ахмети и Таравари.

Телма побара став од претседателот  на Собранието Африм Гаши кој ги осуди навивачите на Куманово  и повика на единство  на кошаркарскиот натпревар со Романија. Како сега ги коментира скадирањата на навивачите на Шкендија  „Илирида“ , тој кажа дека додека бил на натпреварот не слушнал такво нешто, но ако се случило го осудува.

Од друга страна пак тој на својот фејсбук статус пишува дека им честита на навивачите кои според него биле достоинствен пример за националните вредности.

-Им честитам на навивачите кои беа подеднакво достоинствени примери за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот. Со доверба и оптимизам го очекуваме резултатот од реваншот, убедени дека Спарк ќе се бори до крај, пишува во својот статус Гаши.

ИЗВОР: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкендија го совлада Вардар во Скопје

Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…

ФФМ со жесток одговор до Шкендија: Правилата…

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение…

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Зајкова за навивачите на Шкендија: Исвиркување на…

Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова…

Шкендија се правда: Не одбивме медали, поради…

Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација…