“Си легнаа на брашното”: Србите го увериле Хил дека ја повлекле војската од границата со Косово
Министерството за одбрана на Србија вечерва соопшти дека американскиот амбасадор Кристофер Хил и шефот на делегацијата на Европската унија во Белград, Емануеле Жиофре, денеска биле гости на вицепремиерот и министер за одбрана Милош Вучевиќ и на началникот на Г. Штабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ, за време на кратка посета на некои единици на Вооружените сили на Србија во пошироката област на Нови Пазар, објави N1.
Тие „при посетата… имаа можност да се уверат дека единиците на српските вооружени сили на тој простор само ги извршуваат своите редовни задачи“, се наведува во соопштението.
„Потенцираме дека во таа прилика ниту еден од странските државјани не бил превезен со хеликоптер на Војската на Србија“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана во врска со претходните неофицијални наводи дека американскиот амбасадор со хеликоптер допатувал во Нови Пазар со министерот Вучевиќ.
Претходно денеска Нова, повикувајќи се на неофицијалните сознанија на агенцијата Бета, објави дека Хил престојувал во Нови Пазар и Рапка, каде што пристигнал со хеликоптер на Војската на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…