Си помислив како ќе го оставам моето 4-месечно бебе без мајка: Антониела од Прилеп за битката и победата над Хочкиновата болест

t

25-годишната Антониела Николоски од Прилеп неодамна прослави една година откако ја извојува битката над подмолната Хочкинова болест

Хочкинов лимфом е лимфопролиферативна малигна болест, а го носи името на англискиот лекар Томас Хочкин. Станува збор за првата прецизно опишана малигна болест, како и прв канцер успешно третиран со хемотерапија и радиотерапија.

Имено Хочкиновиот лимфом претставува 1% од сите малигни заболувања или 2 – 3 на 100.000 жители се афектирани од оваа болест секоја година.

Токму една од нив беше и Антониела, која како тукуштопородена мајка во 2021-ва година, на свои 23 години се соочи со ваквата страшна дијагноза. Симптомите ги почувствувала уште во бременоста, но не обрнала внимание бидејќи биле многу слични со нормалната бременост.

– Драстични промени забележав по самото породување. Иако се трудев да немам негативни мисли, чувствував дека се случува нешто бидејќи немав сила и енергија апсолутно за ништо, постојана поспаност, ниски вредности на крвта, губење на здив и слично – објаснува Антониела.

Посетата на болницата ѝ ги потврдила сомнежите, и ја добила дијагнозата Хочингова болест за која докторите биле оптимисти бидејќи околу 95% од пациентите се излечени.

– Детално ми беше објаснет процесот на лекување. Иако јас веќе бев трет стадиум и беше баш сериозно, докторите ми дадоа надеж. Лекувањето траеше година дена на Универзитетска клиника за Хематологија во Скопје.

Наместо безгрижно да ги поминува најубавите први моменти со своето бебе, оваа тазе мајка во тој момент доживува нешто сосема тешко и неочекувано, кое мисли дека можеби нема да се заврши добро.

– Првата мисла ми беше како ќе оставам четиримесечно бебе, и тоа ми беше воедно и најтешко и самата помисла дека можеби нема да има среќен крај. Ми беше тешко да размислувам дека ќе треба да расте сама, односно без мајка, но мислев и на моите родители, за нивната болка и тага, едноставно на сите кои ги сакам, и кои можеби ќе требаше да се научат да живеат без мене.

За да ја прифати реалноста и да сфати што точно се случува, Антониела вели дека ѝ било потребно баш многу време, а тоа го постигнала со многу работа на себе и разговор со психолог, што смета дека е една многу важна алатка за сите лица кои се борат со оваа тешка болест.

– Сметам дека психолот е многу важна алатка во оваа болест и треба да се зборува многу за тоа, и да има бесплатни услуги за лица болни од рак кои не можат да си дозволат сами да платат – децидна е таа.

Соопштувањето на вакви страшни вести на оние кои најмногу ви значат во животот не е никако лесно во овие моменти, а нивната реакција и односот, како и поддршката се многу важни за болниот. Антониела лично му кажала само на нејзниот сопруг Антонио и на нејзината мајка.

– На другите членови им соопшти мојот сопруг и не се ни сеќавам многу на тие моменти. Најголема поддршка имав од сопругот, родителите, брат ми, но и сите блиски околу мене беа навистина за вистинска пофалба. Сите беа со многу разбирање за ситуацијата и не забележав драстични промени во односот.

– Продолжи со читање ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во делови од земјата појава на град,…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…

Трамп се закани дека ќе ги удвои…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави…

Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…