Објавено на:

Си ја ставил жената на детектор за лаги, да провери дали го изневерува

t

Не е лесно да се справите со опсесивната љубомора, а најдобар пример за тоа е оваа девојка која никогаш не може да му докаже на сопругот дека не го изневерува.

„Оваа одвратна епизода започна пред три години кога се вративме од погреб во Шкотска. Мојот сопруг одеднаш се претвори од пријатна и нежна личност во пргав и нервозен човек. Кога се вративме дома, тој видел моја слика од одмор од пред многу години со моето семесјтво каде еден млад човек стои покрај мене со раката над моето рамо“, вели жената и продолжува:

„Иако тој беше пријател на моите браќа кој воопшто не го познавав и кој, случајно, се сликаше со нас, сопругот си помисли дека го изневерувам секоја вечер. Сите овие години тој беше убеден дека човекот на сликата е мојот таен љубовник“.

Таа додава дека лудилото одело дотаму што верувал дека за време на свадба заминала во хотелска соба да го изневерува.

„Ниту тоа никогаш не се случи. Лудилото не заврши тука, неодамна разговарав на телефон со семеен пријател и кога завршив со разговорот, сопругот ми рече дека сигурно ќе имам секс со тој пријател ако тој (мојот сопруг) не бил таму“, наведува Британката и продолжува

„Ме натера да одам на детектор за лаги и плати скоро 700 евра за да му докаже дали го изневерувам“

После тоа вели биле и на брачно советување, а за да бидат работите уште позабавни, ние ссе во брак 20 години.

„Пробав сè, но не знам како да го убедам. Ако детекторот за лаги не го убеди, не знам што сака. Јас сум многу тажна затоа што имам чувство дека нашиот среќен брак е уништен “, заклучи разочараната жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…

Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…

Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…

Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…

Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…

Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…

На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…