Си Џинпинг вети дека Кина и Виетнам ќе изградат поблиски односи
Кина ќе изгради „кинеско-виетнамска стратешка заедница на заедничка иднина“ заснована на продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство меѓу двете земји, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесе „CCTV“.
Си ова го изјави по средбата со лидерот на владејачката Комунистичка партија на Виетнам, Нгујен Пу Чонг.
Кинескиот претседател денеска ја започна дводневната посета на Виетнам со цел зајакнување на врските меѓу двете комунистички земји, три месеци по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Ханој и во услови на борба меѓу големите сили за воспоставување влијание во оваа југоисточна азиска држава.
Ова е прва посета на Си на земјата во последните шест години и е планирана со месеци, а официјалните лица велат дека дури накратко била разгледувана можноста таа да се случи пред посетата на Бајден на Виетнам. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајковски: Повеќе ништо не може да се…
За просечен жител на Македонија, кој живее…
ВМРО-вците од Вевчани во шок: Во Здравствениот…
ШОК во ЈЗУ Здравствен Дом "Д-р Светозар…
Исповед на вработен во РЕК: Ме бркаа…
ИСПОВЕД НА ВРАБОТЕН ВО РЕК: Пред десетина…
(Видео) Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче…
Уште една убава и емотивна вест одекна…
Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…
Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…