Скандалот со Онишченко ја нарушува нашата репутација, смета Османи
Скандалот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко е голема дамка и тежок удар за нашата репутација, што ја градевме во изминатите години, нагласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Шефот на дипломатија потенцира дека случајот не смее да се остави настрана, бидејќи земјава може да излезе посилна по него.Според него, Украина мора да ја добие војната, затоа што е, како што вели, на правата страна и затоа што ги заштитува вредностите на демократскиот свет. Османи потенцираше дека НАТО не е страна во војната, иако ја помага Украина, а земјите членки се едногласни во поддршката за Киев.
Тој смета дека улогата која Македонија ја игра во исполнувањето на таа поддршка не треба да биде занемарена, и покрај негативните коментари кај дел од јавноста, во смисла дека ние сме многу мала земја, која не може да направи некаква разлика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…