Објавено на:

Скандал во Грција: Грчки новинар прислушкуван преку софтвер изработен од македонска компанија

t

По информациите дека телефонот на грчкиот новинар Танасис Кукакис бил следен и прислушуван преку специјална апликација, Обвинителството во Атина нареди прелиминарна истрага, а реагираа и новинарските здруженија во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Искусниот новинар Кукакис, два и пол месеци бил следен со софтверот „Предатор”, што според наводите во медиумите во Грција е развиен од македонската компанија „Cytrox”.

Софтверот во мобилниот телефон на новинарот бил откриен од специјализиран тим на Универзитетот во Торонто (Citizen Lab), а непознати лица имале пристап до сите повици, пораки, апликации, фотографии и мејлови.

Во периодот додека бил прислушуван, односно од 12 јули до 24 септември 2021 година, истражувал теми поврзани со перење пари, незаконски банкарски трансакции и корупција во Грција.

Случајот со прислушувањето го откри грчкиот портал за истражувачко новинарство „Inside story”, минатата седмица, а се започнало кога Кукакис добил смс порака од грчки број со линк и откако кликнал на линкот, автоматски им „дал” пристап на хакерите.

Според мрежата за истражувачко новинарство „ Reporters United”, кои објавија дека поседуваат и документи, новинарот Кукакис бил прислушуван „поради национална безбедност” и од грчката Национална разузнавачка служба, една година пред неговиот телефон да биде хакиран.

Кукакис упатил жалба до грчката Управата за доверливост на комуникациите, но во март 2021 година бил сменет законот што претходно овозможувал на оние кои се следени, дури и од причини за национална безбедност, да бидат информирани.

За целиот случај, реагираа новинарските здруженија, односно грчкото здружение и здружението на странски дописници во Грција кои бараат расчистување на случајот, но и истакнуваат дека се категорично против било какво следење и прислушување на новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката…

Истече рокот за поднесување приговори за постапката…

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме…

Претседателот на Беса и еден од лидерите…

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…