Објавено на:

Скандал во Косово: Уапсени владини функционери поради злоупотреби на државните резерви

t

Двајца раководители од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово (МИПТ) и еден бизнисмен се уапсени денеска поради сомневања за малверзации при набавка на стоки за државните резерви, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во полициската акција која започна претпладнево и која се изведе во МИПТ и во стан и локал во Приштина, приведени се директорот на Управата за стокови државни резерви, Хафиз Гара и директорот на Одделот за европски интеграции и координација на политиките при Министерството, Ирфан Липовица, како и бизнисменот Ридван Мухареми, за кого дел од медиумите наведуваат дека е близок до премиерот Албин Курти и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими.

Специјалното обвинителство на Република Косово соопшти дека на тројцата приведени им е одреден 48-часовен притвор и дека истите се сомничат за кривичните дела „Злоупотреба на службената должност“ и „Пружање помош во извршувањето на кривичното дело Злоупотреба на службената должност“. При претресите во кацелариите на МИПТ и во станот и локалот на Мухареми, конфискувани се компјутери и документи кои ќе се користат во натамошната процедура.

Денешната полициска акција е изведена откако на крајот на минатиот месец порталот „Национале“ објави аудио-снимки од телефонските разговори во кои сега приведените фуннкционери на МИПТ велат дека масло за јадење и пшеница од Полска, кои веќе биле платени, не се доставени во државните резерви.

Во објавените разговори се инволвира и ресорната министерка, Розета Хајдари, која по објавувањето во „Национале“ соопшти дека поднела кривична пријава за клевета против сопственикот на порталот, новинарот Берат Бужаља.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

(Видео) Ескобар: Формирање на ЗСО е клучно…

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи…

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…