Скандал во Србија: Лекари и фармацевти – им препишувале хормон за раст на луѓето на кои не им е потребен па им го продавале!

t

Уапсени лекари и фармацевти – им препишувале хормон за раст на луѓето на кои не им е потребен, па го продавале- пишува Н1. По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал по спроведена предистражна постапка на територијата на Србија денеска од слобода се лишени пет лица и тоа: З.С, О.Ш, М.Ј, С.З. и С.З. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и злоупотреба на положбата на одговорно лице.

Станува збор за две поврзани организирани криминални групи кои дејствувале во периодот од 22.11.2018 до 22.07.2018 година од кои едната група ја сочинувале лекари од Здравствениот дом Долна Гуштерица, а другите фармацевти од Белград, Крагуевац и Сремска Митровица, се вели во соопштението на обвинителството на Србија.

Првата организирана криминална група (лекари) им препишувала рецепти за лекови- хормон за раст на пациенти кои немале потреба од терапија, ниту пак биле прегледани од лекар, односно без знаење на пациентите, за потоа тие незаконски пропишани рецепти да ги испратат до членовите на втората организирана криминална група (фармацевти), која потоа ги реализирала рецептите со подигање на лековите во аптеките на територијата на централна Србија без знаење на пациентите на кои им биле препишани лековите.

На овој начин пријавените незаконски ги присвоиле препишаните лекови со што го оштетиле РФЗО за сума од 77.931.760.26 динари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…