Објавено на:

Скандал на Австралија опен: Организаторите ги помешале српското и руското знаме и не ги пуштале Србите на трибини

t

Пред натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс Де Минор на Австралија Опен во осминафиналето, српските навивачи доживеаја голема непријатност бидејќи обезбедувањето сакаше да им ги одземе српските знамиња мислејќи дека се руски. Австралија Опен донесе одлука за забрана на руското и белоруското знаме на трибините, но обезбедувањето и организаторите не нашле разликата меѓу знамињата на овие земји и знамето на Србија.

На социјалните мрежи кружи видео каде српските навивачи обвиени со знамиња пристигнуваат на осминафиналниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс де Минор, а обезбедувањето ги спречило да влезат мислејќи дека го носат руското знаме.

Србите морале да објаснуваат, за на крајот обезбедувањето да бара фотографии од знамињата на Србија и Русија на интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…

Потпишан е договорот за продажба на рускиот…

Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…

Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…