Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

t

Скендер Реџепи-Зејд, пратеникот и претседател на партијата „Народно движење“, преидборен коалиционен партнер со ДУИ во „Европскиот фронт“, денеска рече дека не би гласал ниту за Стево Пендаровски ниту за Гордана Силјановска Давјкова во вториот круг претседателски избори на 8 мај.

„Тоа ќе биде одлука на Европскиот фронт – на сите претседатели. Тоа досега не е дискутирано воопшто. Ќе биде предмет на дискусија во идните средби. Лично јас не би гласал за никого – ни за едниот ни за другиот. Таква перспектива не видовме досега од Македонците да бидат спремни да гласаат за Албанец. Но тоа е лично мое видување, крајната одлука ќе ја донесе „Фронтот“, рече Реџепи.

За повикот на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за коалицирање со албанската опозициска „Вреди“ предводена од Аребн Таравари, тој рече дека тоа ќе биде стерилна опозиција која нема да го претставува мнозинството Албанци по 8 мај и дека такво коалицирање би било „недозволиво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…