СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР ВО МИХАЈЛОВО СТАНУВА РЕАЛНОСТ – Почнаа подготовките

t

Започнаа подготовките за скијачкиот центар во Михајлово, што значи дека во зима кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.

„Од денеска започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово, и истиот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија која што веќе при крајот на ноември се очекува да се монтира доколку дозволуваат временските услови. Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации“, информира Јанчев.

Тој додаде дека ова е уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на општината кој беше ветен во предизборната програма.

„Овој проект станува реалност. Теренските работи се донација од општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци. Инвестицијата за овој центар е донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од Комерцијална банка и 115.000,00 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО“, соопшти Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…