Скопската магла сè уште го блокира авиосообраќајот

t

Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денес напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург, информираат од ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека согласно временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден.

-Сепак, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија. За патниците и јавноста повторуваме – Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен.  Аеродромот е отворен, без разлика на временските прилики. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи се подготвени да ги услужат и авионите и патниците, нагласуваат од ТАВ Македонија.

Појаснуваат дека аеродром се затвора само со посебна одлука при што се испраќа авијациска порака НОТАМ до сите чинители во авиосообраќајот, а тоа се прави само во исклучителни ситуации кога некој капацитет на аеродромот поврзан со опслугата на авионите не е во функција, или пак ако станува збор за општа вонредна состојба.

-На Меѓународниот Аеродром Скопје сите капацитети му се во функција, оттука ние сме отворени за авиосообраќај. Во сите случаи со магла, Меѓународниот Аеродром Скопје не се затвора, туку е отворен. Притоа чекаме Метео-службата на М-НАВ, како институција во чија надлежност се навигациските системи во авиосообраќајот, да нè извести дека има подобрување на временските прилики – и нас како аеродромски оператор и авиокомпаниите, чии пилоти ги носат одлуките дали ќе слетаат или ќе се пренасочат на друг аеродром зависно од моменталната минимална видливост која самата авиокомпанија одлучила дека ја прифаќа, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/, а патниците може да се информираат за статусот на нивните летови и на пултот за информации кој работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот и на телефонскиот број 02 3148 333.

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, вчера од 00:00 часот до 18 часот, како што информираа од ТАВ Македонија имло 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетале и три авиони полетале после пладне, кога се подобриле временските услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопската магла сè уште го блокира авиосообраќајот

Поради маглата која и денеска е присутна…

Маглата го поремети авиосообаќајот на скопскиот аеродром,…

Маглата во скопската котлина денеска предизвика пореметување…

Магла на два патни правци, најавен собир…

Поради појава на магла се бележи намалена…

Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај…

Советникот од Левица во Советот на Општина…

Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три…

Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот…