Скопската Противпожарната бригада доби ново специјално возило
Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции.
Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет. Возилото има можност за транспорт на екипа од 5 пожарникари.
-Во мојата визија за Скопје, модернизацијата на Противпожарната бригада која години е запоставена, е еден од важните приоритети. Нашите пожарникари се тивките херои на градот, луѓе кои не прашуваат кога е тешко, туку први влегуваат таму од каде што е најкритично. Тие заслужуваат современа опрема, подобри услови за работа и силна институционална поддршка. Затоа, следува сериозен влог во нивната безбедност, подготвеност и ефикасност, затоа што секое ново возило, секој нов капацитет и секоја подобра алатка значат поголема заштита за животите, домовите и имотот на скопјани, вели скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Од Град Скопје посочуваат дека оваа вредна донација од општествено одговорна компанија значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен. Воедно, најавуваат продолжување на инвестициите во модернизација на Противпожарната бригада, со цел поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните и нивниот имот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села демантира дека би се приклучил кон…
Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, реагираше…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Марин Ле Пен во комотно водство пред…
Кандидатката на крајнодесничарското Национално собирање (RN), Марин…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…