Скопските градоначалници закројуваа лозје во црквата „Св.Трифун“ во Кучково

t

Денес, на денот посветен на Св. Трифун, градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и градоначалниците на општините Кисела Вода и на Бутел, Орце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски продолжија со вековната македонска традиција и го закроија лозјето кај истоимената црква во селото Кучково.

– Овој црковен празник е светлост и радост за сите нас, особено за лозарите, кои со верба и посветеност се грижат за својот труд. Верувањето е дека свети Трифун ја благословува работата на нивните раце, ги штити лозјата од болести и ги води кон бериќетна година. Во утринските часови, пред чинот на закројување беше одржана традиционална литургија во црквата во која се помоливме за здравје, плодност и заштита на лозјето, порача Стојкоски.

Овој ден не само што ја одбележува средината на зимата, туку означува и ран почеток на новата пролетна сезона, која носи нови надежи и прилики.

– Како што вели црквата, Св. Трифун не е само заштитник на лозјата, туку и пример на христијанска љубов. Тој ни покажува како со труд, верба и молитва, можеме да се надеваме на плодови, не само во земјата, туку и во нашите срца. Денес, поминувајќи го денот заедно со моите сограѓани, соседи и пријатели, почувствувавме дека заедничкиот труд и љубовта кон традицијата го засилуваат духот на заедницата. Нека овој ден донесе бериќет и просперитет, а светото благословение на Св. Трифун нека ни биде патоказ во сите наши дела и одлуки, порача првиот човек на скопско Ѓорче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…