Скопјанец добил плико со заканувачки пораки по неговиот живот и по животот на неговиот син и пет куршуми внатре
Сериозен инцидент со елементи на закана по живот е пријавен во скопската полиција, откако жител на Скопје пронашол плико со заканувачки пораки и пет куршуми оставени на неговиот паркиран мотор.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 јули 2025 година, во 08:23 часот. Случајот го пријавил 34-годишниот С.Р., кој изјавил дека наутро, на улицата „Балзакова“, на својот мотор забележал плико со пораки во кои му се заканувале по неговиот и животот на неговото дете, како и пет проектили.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…