Скопјанец измамил тетовец за 750 евра, му ветил возило од Германија
Скопјанец измамил тетовец за сума од 750 евра. Го излажал дека ќе му донесе возило од Германија, но тоа не го сторил.
– На 14.10.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, 45-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од А.Л.(44) од Скопје за сума од 750 евра. Според пријавеното, на 24.08.2024 А.Л., сопственик на правен субјект од Скопје, го довел во заблуда и му ветил дека за еден месец ќе му изврши транспорт на патничко возило од Сојузна Република Германија, а тој за услугата му ги дал парите. Откако поминал договорениот термин и не му било донесено возилото, сфатил дека е измамен, соопштија од полицијата за овој случај.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…