Скопјанец наместо да купи лекови земал брз кредит со лична карта на пријател

t

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца скопјани А.Б.(46) и З.З.(56), кои со измама извадиле брз кредит на име на друго лице, без негова согласност.

Првопријавениот А.Б. на 20 август 2021 година побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност, соопши МВР.

Измамниците се гонат за кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…