Објавено на:

Скопјанец осомничен за насилство врз сопственото дете

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот.  Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…

Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…

СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…

Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…

СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…

Договорот за испорака на руски дизел во…

Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…