Скопјанец под дејство на дрога прегазил жена на пешачки и избегал

t

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ според член 301 став 2 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека осомничениот 46-годишен скопјанец, на 2 ноември, управувал автомобил „Хонда” под дејство на опојна дрога.

– Во селото Марино возел со брзина поголема од дозволената и неоприспособена спрема условите на патот, така што кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Неможејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…