Скопјанец со мигранти фатен во заседа кај Неготино
Денеска (02.06.2023) во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.
По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија. А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…