Скопјанец уапсен поради тешка кражба
Во 13:00 часот завчера, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Н.Н. (27) од Скопје на подрачјето на Аеродром поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело тешка кражба на дрзок начин.
Според информациите од МВР, околу 11:00 часот, една 61-годишна жена од Скопје пријавила дека и бил одземен златен синџир кој го носела на улицата “Бојмија”. По извршен службен разговор со Н.Н., тој признал за кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената. Јавен обвинител бил информиран за случајот. По преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека пријавениот го заложил златниот синџир во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, а потоа бил одземен и вратен на оштетената, соопшти МВР.
Судија на претходна постапка му одреди на Н.Н. мерка притвор во траење од осум дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…