Скопјани на прво место: Решени над 1000 барања од граѓаните преку проектот “Отворен град”

t

Од Град Скопје известија дека се решени 1000 барања од граѓани преку адресата [email protected] .

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…