Објавено на:

СКОПЈАНИ САКААТ ДА УЖИВААТ ВО ТОПЛИОТ ДОМ: Расте бројот на граѓани кои се приклучуваат на парно, бесплатно може да се стори до 31 август

t

Расте бројот на потрошувачи кои се приклучуваат поради предностите што ги нуди централниот систем за греење, информираа денеска од ЕСМ Снабдување со топлина и додаваат дека до 31 август 2023 година, нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ, се наведува во соопштението, е во постојан пораст.

– Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, до денес, околу 1.640 потрошувачи со вкупна инсталирана топлинска моќност од 10 МW се приклучиле на системот за централно греење од кои 150 се претходно исклучени потрошувачи – појаснуваат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Трендот на пораст на бројот на потрошувачи кои се приклучуваат, подвлекуваат, покажува дека кај жителите на градот Скопје расте свесноста за бројните придобивки и комфорот што го нуди централниот системот за греење. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи, се додава во соопштението, е и акцијата за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи на системот за централно греење која е во тек и важи за сите потрошувачи каде има техничка можност за приклучување.

Сите неопходни информации за постапката за приклучување заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…

Цените на земјоделските производи на светските пазари…

Полска обновува засолништа од Студената војна: Во…

Полскиот град Лублин повторно стави во употреба…

Британскиот премиер вели дека размислуваат за повторно…

Британскиот премиер Енди Бурнам најави дека ќе…

Трамп призна: „Можно е“ војната со Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

„Ројтерс“: Саудиска Арабија подготвува нова офанзива против…

Саудиска Арабија подготвува офанзива против Хутите во…