Објавено на:

Скопјани се подготвуваат за инвазија од комарци

t

Скопјани, полека, но сигурно се подготвуваат за инвазија од комарци, со оглед дека сè уште нема најави од Град Скопје за прскање против овие штетни инсекти.

Повеќе од еден месец доцни прскањето против ларви од комарци, а од Град Скопје нема никакво известување дали и кога ќе се прска против овие инсекти. Граѓаните со реакции, дека покрај кејот на Вардар, веќе, особено во топлите периоди, има наезда на комарци.

– И кога се прска редовно, има „борба“ со комарците, а годинава не знам како ќе биде. Трошиме илјадници денари за средства за заштита, вели една скопјанка.

Лани првото прскање против ларви беше извршено на 12 април.

Годинава се доцни поради постапката за доделување договор за јавна набавка за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје, за 2024 година, која била поништена на крајот од април.

Засега нема никакво известување од градоначалниката Данела Арсовска, ниту од Град Скопје за било какви информации за проблемот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…