Скопјанка превезувала мигранти од Египет – лишена од слобода на автопатот „Пријателство“
Лишена од слобода скопјанка поради криумчарење мигранти, пронајдени шест лица од Египет
На 15.08.2025 во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за с. Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет. Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…