СКОПЈЕ ДЕНЕС И УТРЕ БЛОКИРАНО: Пред владата ќе се одржи митинг, избегнувајте ги овие булевари во следните два дена!

t

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска (03.04.2024) до утре (04.04.2024), односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што бул.„Илинден“, потегот од мост Гоце Делчев до бул.„Климент Охридски“ и од бул.„Климент Охридски“ до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци.

Во текот на утрешниот ден, по потреба , ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…