Скопје е непостоечка држава: Грчки шовинист со навреди за Македонија среде Европарламентот

t

„Порака до Урсула фон дер Лаен: Скопје е непостоечка државичка, главно со бугарско-албанско население, на грчки територии“, се наведува во национал-шовинистичката објава на профилот на едикојси европратеник викан Фрагос, придружена со видео во кое се прикажуваат историски карти и политички пораки.

Во видеото на грчкиот ајван се појавува и патетична карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, како и натписот „Бугарско-албанска“, со што се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста.

Мизерниот Фрагос, платен со илјадници евра од граѓаните на Европа, е европратеник од 2019 година и член на групата Европски конзервативци и реформисти во Европскиот парламент. Неговата партија Грчко решение, предводена од Киријакос Велопулос, е позната по националистичките позиции и противењето на Преспанскиот договор, за што единствено се сложуваме.

Особено е индикативно што ваквите пораки се упатуваат директно до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, а доаѓаат од квази-политичар што има мандат да ги претставува европските граѓани во една од најважните институции на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…