Скопје почнува акција против комарци: Прскањето ќе се врши ноќе од 13 до 16 јули
Скопјани во наредните денови ќе имаат можност да почувствуваат намалување на бројот на комарци, откако Град Скопје најави нова акција за дезинсекција на целата територија на градот.
Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе започне во понеделник, 13 јули 2026 година, и ќе трае до 16 јули. Прскањето ќе се врши во ноќните часови, од 22 часот навечер до 03 часот по полноќ.
Од Град Скопје информираат дека акцијата има за цел да го намали бројот на комарци и да придонесе за подобри услови за граѓаните во летниот период.
Надлежните посочуваат дека доколку временските услови не бидат поволни за спроведување на дезинсекцијата, активностите ќе бидат реализирани во истиот термин во првиот следен ден кога условите ќе дозволат.
Град Скопје упатува апел до пчеларите навремено да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства во периодот кога ќе се врши прскањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…
Загинати и повредени во голем пожар во…
(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…
Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…
Брвеница избира градоначалник
Жителите од десет населени места Општина Брвеница…
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…