Скопје ќе биде домаќин на „Drift Show“: Настан за љубителите на автомобилите
Во недела, 25 јуни 2023 година, ќе се одржи големото шоу наречено „Extreme Power City No.4“, но овој пат на нова локација, односно на самиот влез во Скопје, на паркингот пред „Кромберт и Шуберт“.
На шоуто ќе учествуваат околу 300 учесници кои ќе се натпреваруваат во различни категории, како што се Стајлинг (модифициран и преуреден автомобил“, како и dB drag натпреварување (мерење на гласна музика во автомобил). Една од најинтересните содржини на настанот ќе биде и „drift show“ и „drift taxi“.
На настанот се очекуваат неколку илјади посетители, а влезот за нив ќе биде отворен од 11 часот.
На натпреварувањето ќе учествуваат и осум српски возачи со седум автомобили, кои ќе ги покажат своите вештини со помош на контролирано „дрифтање“ на големиот паркинг.
„Drift“ е автомобилска дисциплина и се издвојува од другите затоа што комбинира брзина на автомобил, моќност на мотор и прецизност во возење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…