Скопје ќе добие 2.600 нови контејнери објави и 40 нови возила за комунална хигиена

t

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција изјави дека градските власти интензивно работат на надминување на долгогодишните проблеми во комуналната хигиена и најави значително подобрување на состојбата веќе од септември.

Тој посочи дека при преземањето на функцијата биле затекнати само 16 функционални возила за собирање отпад, додека денес на терен секојдневно работат меѓу 50 и 60 возила.

„Не сакам да се жалам на состојбите што ги затекнавме, туку да зборувам за тоа што е направено и што се менува. Денес имаме значително повеќе возила на терен, иако голем дел од механизацијата е стара и често се соочуваме со дефекти“, рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека со поддршка од Владата, Министерството за транспорт и Светската банка, Скопје ќе добие околу 40 нови возила од различен тип, наменети за комуналната хигиена.

Дополнително, Градот обезбедува уште четири нови возила и две претоварни станици, кои треба значително да ја подобрат ефикасноста во транспортот на отпадот.

Едната претоварна станица ќе биде поставена во Ѓорче Петров и ќе ги опслужува општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај, додека другата ќе биде лоцирана во Гази Баба. Според Ѓорѓиевски, на овој начин камионите нема да мораат постојано да патуваат до депонијата, туку ќе можат побрзо да се вратат на терен и да продолжат со собирањето на отпадот.

Во тек е и набавка на 2.600 нови контејнери, кои би требало за месец дена да пристигнат, што претставува една од најголемите набавки во последната деценија.

„На многу локации контејнерите со години не биле заменети. Со оваа набавка решаваме уште еден сериозен проблем, кој директно влијае врз чистотата на градот“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека во изминатиот период биле надминати и финансиски проблеми во ЈП „Комунална хигиена“, каде што биле наследени неисплатени плати и високи трошоци за работење.

„Полека, но сигурно го решаваме проблемот. Останува да пристигнат новата механизација и контејнерите, за целиот систем да биде ставен во целосна функција. Верувам дека од септември темата со отпадот повеќе нема да се третира како досега“, порача Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парното поскапува од 1 декември, сметките во…

Од 1 декември цената на топлинската енергија…

Вo текот на минатата недела се отстранети…

Во текот на изминатата седмица, екипите на…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…