Скоро 8 милиони евра потрошени за договори во четири очи – Јавни набавки без објавување оглас

t

Низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите, покажува извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според наодите од Извештајот, во првото полугодие од 2021, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра и тие слабости, како што наведува ЦГК, се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво. На ниво на институции предводи АД Електрани, кое без објавување оглас склучило 6 договори во вредност од 4 милиони евра.

„Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 отсто од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите“, заклучува ЦГП.

Во првото полугодие од 2021 година биле спроведени 11.215 постапки за јавни набавки. Од нив, во дури 10.198 (91%) била планирана е-аукцијата, што е буквално за само 1 процентен поен помалку од првото полугодие од 2020 година. Во секој трет тендер (34 %) во којшто не е спроведена е-аукција всушност била добиена само една понуда или само една понуда била прифатлива, а останатите се исклучени бидејќи не ги исполнувале условите предвидени со тендерската документација.

Посочувајќи ги клучните наоди од Извештајот, ЦГП соопшти дека постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.

„На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 проценти“, соопшти Центарот за граѓански комуникации.

Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.

Инаку, управните контроли бележат благ пораст во однос на истиот период од претходната година, но бројот на тендери во коишто се констатирани неправилности се намалува. Во првото полугодие од 2021 година Бирото за јавни набавки спровело 132 управни контроли, што е за 12 % повеќе од првото полугодие од 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Афера “Тракторче” ќе ги тресе општините –…

Ќе отвори ли ОЈО предмет за аферата…

Оглас за прием на 150 професионални војници…

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот…

Вие гответе на евтина струја: Фирма со…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Бочварски најави распишување на тендер од 190…

Се уште е неизвесно кога ќе биде…

Ова е фирмата која го доби тендерот…

Јавното претпријатие за одржување и заштита на…