Скршено стакло на авионот на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет – итно слета во Велика Британија
Авионот што го превезуваше американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изврши непланирано слетување во Велика Британија откако беше откриена пукнатина на шофершајбната, објави Пентагон.
Порталот за следење на летови „Flighttrader 24“ претходно објави дека авионот на Хегсет бил пренасочен кон Велика Британија поради „итна ситуација“.
Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, објави на X Network дека авионот на секретарот за војна морал да изврши непланирано слетување поради пукнатина на шофершајбната.
– Авионот слета во согласност со стандардните процедури, а сите патници, вклучувајќи го и секретарот Хегсет, се безбедни – рече Парнел.
Хегсет се враќаше во Вашингтон од Белгија, каде што присуствуваше на состанок на министрите за одбрана на НАТО.
По инцидентот со авионот, се огласи и министерот Пит Хегсет.
– Сè е во ред. Фала му на Бога – напиша тој на социјалната мрежа X.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…
РТС: Странски компании најавија затворање погони во…
Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…
Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…
Европската Унија треба да го забрза пристапниот…