Скaндал го тресе Институтот за клиничка биохемија, вработени вмешани во koрупција и организиран криминaл

t

Голем скандал го тресе ЈЗУ Институт за клиничка биохемија, каде се регистрирани бројни неправилности, како во именување на стручен кадар, така и во финансиското работење, дознава Инфомакс.

Во Управниот одбор се избрани лица кои согласно Законот за здравствена заштита не можат да бидат именувани за таа позиција. Тие не само што не се квалификувани за конкретната позиција, туку и воопшто не се појавуваат на работа, а редовно добиваат плата, но и дополнителни исплати, но и меѓусебно си ги прикриваат криминалните активности и соработуваат во вршењето на корупцијата и милионскиот криминал

Но скандалите не завршуваат овде. Еден од раководителите во Институтот нема соодветна лиценца за работа, додека на дел од вработените им се платени докторски студии кои ниту ги завршиле во предвидениот рок, ниту пак ги вратиле парите, иако некои од нив и официјално се откажале од студиите.

Лицата кои се обидуваат да ги разоткријат скандалите добиваат закани по нивната безбедност, но и по безбеднооста на нивните семејства.

Поднесена е пријава до ДКСК но се уште нема превземено никакви дејства…

Се надеваме дека Државната комисија за спречување на корупција и соодветните институции ќе започнат со разоткривање и санкционирање на милионскиот криминал и корупцијата на товар на државата и народот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…