Славески : „Минималната плата не значи дека можете да издржувате 4-члено семејство, но куповната моќ е повисока од 10 земји во ЕУ“

t

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во изјава за „Бизнис21“ на ТВ21 посочи дека според најновите податоци на Евростат, минималната плата во Македонија има поголема куповна моќ од десет земји членки на Европската Унија.

„Многу е важно да се прави разлика меѓу номиналната вредност и реалната куповна моќ на платата. Ние живееме и трошиме овде, во Македонија. Ако ја споредиме куповната моќ на минималната плата, излегува дека со неа може да се купи повеќе отколку во земји како што се Португалија, Грција, Кипар, Малта, Унгарија, Словачка, Чешка, Бугарија, Естонија и Латвија.“ истакна Славески.

Како што вели, во населби низ Скопје може да се купи и еспресо за 50 денари додека тоа го нема во други земји.

„Во Скопје можете да пиете еспресо за 50 денари – тоа е пример за разликите во животните трошоци,“ додаде тој, нагласувајќи дека овие фактори се важни при споредба на животниот стандард.

Славески додаде дека покрај дел од земјите од ЕУ, куповната моќ на минималната плата во Македонија е повисока и од некои земји од регионот – како што се Албанија, Србија и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Рубио: САД не сакаат ништо што би…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Клековски со порака за Денот на независноста:…

Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…

Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените

Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…