Славески најави шалтер во Алта банка за граѓаните без картички, пензионерите ќе можат да подигнуваат по 20 000 денари
Лимитот од 10 000 денари за повлекување готовина од Алта банка во Битола е неделен. Во ноември граѓаните ќе имаат пет можности да подигнат пари, односно вкупно 50 000 денари, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во вечерашното гостување на ТВ Телма.
За потсетување, Народната банка информираше дека во Алта банка АД Битола е воведена привремена администрација како привремена заштитна мерка со цел банката да продолжи непречено да работи, средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот и интересите на сите штедачи и доверители да бидат заштитени до промена на сопственоста на банката.
„Размислувавме околу износот. Се ослучивме за тој износ бидејќи сметавме дека е оптимален, во рамки на просечната плата и просечната пензија“, рече тој.
Појасни дека вчера завршила неделата, па доколку некој претходно го искористил правото да повлече пари, во ноември повторно ќе може да подигнува по 10 000 денари во секоја од петте недели.
„Тоа е повеќе од доволно, затоа што имаме вонредна ситуација во која треба трпение за банката“, додаде Славески.
Ги повика граѓаните да бидат сигурни и да имаат доверба во институциите, нагласувајќи дека нивните заштеди се на нивните сметки и дека имаат целосна гаранција оти никој нема да им ги одземе.
„Располагањето е ограничено во еден ограничен временски период во кој треба оваа состојба да се надмине“, нагласи гувернерот.
Според него, ова е вонредна ситуација, која со сите средства се обидуваат да ја надминат.
„Забранети се сите можности за изнесување на капитал од банката. Да почекаме да видиме какви се тендециите“, кажа тој.
На новинарско прашање што ќе биде со оние граѓани што немаат платежни картички за подигнување готовина од банкомат, Славески најави дека се подготвува посебна организација за оваа категорија штедачи во Алта банка, меѓу кои има и околу 3 500 пензионери.
Се подготвува, како што додаде, список на граѓаните без картички, во главно пензионери. Најави дека тие до среда треба да бидат известени за можаноста да подигнуваат готовина на шалтер.
„Ќе ја промениме одлуката само за нив, заради логистика, односно да не доаѓаат почесто, да можат да подигнат поголема сума. На пример, со едно одење на шалтер да можат да подигнат 20 000 денари, кое би покрило две недели“, рече Славески.
Посочи дека решението ќе се реализира посебно во Битола, каде што се концентрирани поголем дел од штедачите на банката.
Генералниот секретар на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Александра Саша Димитријевиќ, вечерва при посетата на Битола, побара Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) да ја прекине исплатата на пензиите на сметките во Алта банка сè додека пензионерите не добијат сигурен пристап до своите средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славески најави шалтер во Алта банка за…
Лимитот од 10 000 денари за повлекување…
Иран предлага забрзан договор: Ормускиот Теснец би…
Иран продолжува да разменува пораки со Соединетите…
Миноски: Најдобро решение е Алта банка да…
Продажбата на Алта банка на поголема домашна…
Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел,…
Бенјамин Нетанјаху и неговите политички сојузници ги…
Тројца гостиварци пријавени за насилство по физичка…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…