Славески: Пет години од оваа власт не гледаме никакви резултати, наместо да произведуваме храна, тие бараат инвеститори за производство на мaрихуана

t

Пет години од оваа власт не гледаме никакви резултати, наместо да произведуваме храна, ние бараме инвеститори за производство на марихуана, а тоа е криминал. Гледаме што се случува, денес таа марихуана која требаше да биде за медицински цели е распослана низ цела Македонија, изјави за „Топ Тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

Славески додаде дека власта воопшто нема слух за тоа што се случува во државата и како пример го даде тоа што води лицемерна политика кон општините и не сака да им помогне во ситуација на енергетска криза и 6 пати поголеми сметки.

– Многу е дволично однесувањето на владата кон општините. Лесно е на владата да им каже на општините да се снаоѓаат, а владата се снаоѓа со позајмување од странство, но општините не можат. Владата со креирање на овој буџет ако беше вистинска влада, бидејќи знаците на кризата беа јасни, требаше да предвиди поголеми блок дотации за општините, рече Славески.

Тој додаде дека детска заштита, основно образование, она што е во рамки на општините, дотациите се исти како и минатата година, а сметките кои сами треба да ги плаќаат се поголеми.

– Владата треба солидарно да им помогне на општините за да немаме темни улици, бидејќи еве само општина Ѓорче Петров слушнавме дека има 6 пати поголеми сметки и наместо 800.000 денари ќе плати 4.800.000, а да не одат тие пари на струја ќе се направи проект за подобрување на животот, изјави Славески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…