Слави Трифонов коментира интервју на Бујар Османи за да ги нападне политичките ривали во кампањата
Лидерот на партијата Има таков народ, Слави Трифонов, на својот фејсбук-профил коментира интервју на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Северномакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител го изјави следново: ‘Исходот од преговорите со Бугарија заврши со 3 спрема 1 за нас. Го зачувавме јазикот, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ и ги оставивме историските прашања надвор од патоказот. Бугарија доби промена на Уставот некаде на средината на процесот – по почетокот на преговорите. Поради тоа сметам дека тоа беше добар компромис’“, напиша Трифонов.
По овој цитат, Трифонов потсетува кој во бугарскиот парламент гласал за францускиот предлог.
„За овој резултат – 3:1 за Cеверна Македонија во бугарскиот парламент гласаа ‘Продолжуваме со промената’, ГЕРБ, ДПС, ‘Демократска Бугарија’, а БСП беа воздржани. ‘Има таков народ’ гласаше ‘против’“,потсетува тој.
Поради тоа, според Трифонов, паднала владата на Кирил Петков.
„п.с. Не заборавајте дека исмејувањето на бугарската историја и меморија и одбивањето веднаш да се заштитат правата на Бугарите во Cеверна Македонија, а не некаде во далечна иднина, е една од причините поради која падна владата на Кирил Петков“,пишува Трифонов.
Бугарија е во изборна кампања, а рејтингот на партијата на Трифонов, според анкетите, се движи околу цензусот од 4% што е минимум влез во парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…