Објавено на:

Славјанка го поддржа проширувањето на НАТО: Алијансата не е закана за никого

t

Ставот на Република Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата во однос на проширувањето е јасен, а тоа е дека ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата. Тоа значи дека секогаш кога некоја земја ќе изрази прво волја да стане членка на Алијансата, ние тоа го прифаќаме, но треба да се следи процесот на нејзино пристапување и во оној момент кога земјата ќе ги исполни условите да биде земја – членка на Алијансата, е добредојдена, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Ширењето на НАТО Алијансата не треба да претставува закана за никого, туку напротив мислам дека тоа е дополнителна вредност за мирот и стабилноста во регионот и на територијата на НАТО Алијансата , но и во светот, затоа што НАТО е политичко-воен сојуз, меѓутоа пред се знаеме дека се заснова на политиката на одвраќање и на гарантирање на безбедност – изјави Петровска.

Петровска информира дека во рамки на годишните планирани активности на НАТО, нашите војници учествуваат во вежбите, а она што е донесено како одлука минатата година е учеството на припадниците на Армијата на Македонија во контингентот во Латвија.

– Тие треба да бидат заминати веќе во текот јуни. Учеството не само во оваа мисија, но и генерално во сите мисии и вежби во НАТО се смета како зајакнвуање и на сопствените национални капацитети затоа што претставува одлуична можност за соработка на припадниците на нашата армија, со колегите од другите армии, истакна министерката Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…