Славјанка Петровска: Ако треба, СДСМ ќе се откаже од државните пари, но нема да го смени своето име

t

Ако треба, СДСМ ќе се откаже од државните пари, но нема да го смени своето име, согласно со Преспанскиот договор, кој предвидува и приватни ентитети да ги усогласат своите имиња со официјалното име на државата „Северна Македонија“.

Ова во поткаст за Плусинфо го изјави Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и кандидат за претседател на СДСМ, на изборите што треба да се одржат в недела на 30 јуни.

Во поткастите на Плусинфо во текот на оваа седмица ќе бидат претставени и кандидатите Александар Бајдевски и Јован Деспотовски. Единствено кандидатиот Венко Филуипче ја одби поканата за интервју.

Ова е делот од интервјуто со Петровска, во кој таа зборува за Преспанскиот договор и за тоа кое име таа ќе го употребува како иден лидер на СДСМ:

На прашањето дали ќе го користи името „Северна Македонија“, Петровска вели:

– Внимавам на официјални настани да го користам уставното име. Да, како министер за одбрана сум знаела да го изговорам и името „Македонија“ или „македонска армија“. Ми се случило некогаш да кажам дури и „Република Македонија“. Но, ниту сум била опомената, ниту сум била санкционирана, ниту била изразена било каква дипломатска нота. Затоа што било увидено дека јас тоа не го правам намерно или да докажам колкав патриот сум. И во иднина ќе кажам „Македонија„“, ама ќе кажам и „Северна Македонија“.

Славјанка Петровска додава дека од ВМРО-ДПМНЕ иочекува или репреговарање на Преговарачката рамка и укинување на Преспанскиот дофговор, или таа партија да излезе и јасно да се каже – нема репреговарање на Преговарачката рамка, а Преспанскиот договор ќе го почитуваме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…