Следи покачување на цените во градинките?
Откако економската криза и лошото менаџирање на власта предизвика рапиден раст на цените на стоките и услугите, градинките се соочуваат со големи проблеми да ја одржат ликвидноста на градинките, а притоа да не се намали квалитетот на храната која се нуди во градинките.
Како што наведуваат директорите на градинките, невозможно е самостојно да го надминат овој проблем, па несомнено се јавува потреба од брза реакција од Владата, односно надлежното Министерство за труд и социјална политика и министерката Јованка Тренчевска.
Излезот од ваквата состојба, директорите го гледаат или во зголемување на дотациите од Владата или во зголемување на цените на услугите во градинките. Во време на економска криза, не смее да се дозволи покачување на цените во градинките и дополнително да се оптерети домашниот буџет.
Бараме Владата итно и без одложување, преку пренамена на средствата наменети за непродуктивни трошења, да обезбеди дополнителни средства за дотации во градинките, со цел да се превенира покачување на цените во градинките на терет на родителите, кое дополнително би ја отежнало финансиската состојба во која егзистираат голем број од семејствата.
Политичка партија Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…
Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…