Објавено на:

Следува студена зима со повеќе снег од последните неколку години

t

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под просекот, прогнозира Славчо Попоски.

Вели дека сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд.

-Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница. Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени. Првичните анализи пак за зимата 2023/2024 укажуваат на тоа дека ќе имаме повеќе врнежи од снег, но ќе биде и постудена за разлика од изминатите години, нагласува Попоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…