Слободанчо Василев најдобар на меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки во Кавадарци, Весна Јаневска втора
Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во вечерашниот меѓународен натпревар во јадење лути пиперки во Кавадарци и освои лцд телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми. Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, наградата е ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.
Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Настанот што се одржа во кавадаречка гостилница, беше насловен „Супер лут предизвик”.
Организаторот информираше дека за сите натпреварувачи следуваа вредни награди. Неколку спонзори го поддржаа овој натпревар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…