Слободно изразете етничка, јазична и религиска припадност – МНР со порака до Македонците во Албанија пред пописот
Во врска со претстојниот попис во Албанија, кој почнува на 18 септември, МНР ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност.
„Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество“, потсетуваат од македонското МНР.
„Имаме гаранција од Владата на Албанија, која е членка на НАТО, дека пописот во таа земја ќе биде спроведен согласно сите светски стандарди“, изјави пред два дена премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со посета на потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова на Албанија, во рамките на која, како што е најавено, меѓудругото ќе го посети Голо Брдо и ќе ја отвори учебната година во училиште во Елбасан.
„Дводневната посета на Јотова, која завршува денеска, во пресрет на пописот на населението во Албанија, се одвива во важен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признато во 2017 година“, соопштија од нејзината прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…