Словачка ќе добие американски повеќенаменски авиони Ф-16!

t

Испораката на американските повеќенаменски борбени авиони Ф-16 Блок 70 на Военото воздухопловство на Словачка официјално започна како дел од пакетот во кој Братислава нарача 12 едноседи и два двоседи по цена од 1,8 милијарди долари во 2018 година.

Според порталот Balkan Security Network, на фотографиите кои претходно ги објави производителот на авиони, американската компанија Lockheed Martin, може да се види летот и слетување на двосед со регистарски број 1101 и ознаки на словачкото воздухопловство.

Засега, два авиони со броевите 1101 и 1001 и се официјално предадени на Словачка, а пристигнувањето на авионите во домашната воздухопловна база Слиач се очекува кон средината на годинава.

Испораката ќе продолжи во текот на наредната година, а покрај Словачка, авиони Ф-16 на источното крило на НАТО користат и Полска и Романија, додека во првиот квартал од 2025 година првиот авион од овој тип треба да го добие и Бугарија.

Во првата половина на 2023 година, Словачка и предаде на Украина 13 авиони МиГ-29, а оттогаш словачкиот воздушен простор го чуваат воздухопловните сили на Полска и Чешка.

Вооружените сили на Словачка планираа да обучат 22 пилоти за новите авиони, а првиот од нив замина на обука во САД во 2019 година, во воздухопловната база Морис во државата Аризона.

Словачките медиуми во октомври 2021 година пишуваа дека во тоа време во САД биле на обука 16 пилоти, а бидејќи се потребни две до четири години за преквалификација на пилотите, може да се заклучи дека подготвени и обучени пилоти чекаат за испорака на авионите до Словачка.

Авионите Ф-16 се најбројните воени авиони произведени во САД во земјите членки на НАТО кои се уште се користат. Верзијата Блок 70 е најмодерна и има најсовремен радар АПГ-83 и напредни системи за таргетирање цели во воздух, копно и вода при сите временски услови.

Во моментов летаат 3.100 авиони Ф-16 во 25 земји во светот, а 143 авиони се во процес на преговори, производство и испорака, од кои 135 се веќе договорени, додека договорот за осум авиони наменети за Бугарија се уште не е беше формализиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…

Словачка: Не можеме повеќе да и помагаме…

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска во Варшава изјави…

Брачен пар нападнат од мечка додека го…

Во Словачка се случи уште еден напад…

Жена во Словачка загина во блиска средба…

Жена (31) од Белорусија починала откако била…

Пентагон ги најави првите авиони Ф-16 за…

Западните земји планираат да ги пренесат ловците-бомбардери…