Словачки министер: Испраќањето оружје во Украина не функционира, нема напредок

t

Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар денеска изјави дека се покажало дека испраќањето оружје во Украина не функционира и не води кон никаков напредок.

„Постои мислење дека треба да се испорача повеќе оружје за да се протера Русија од украинска територија. Меѓутоа, по 600 дена гледаме дека заедно со санкциите кои и штетат на Европската унија повеќе отколку на Русија, тоа не функционира и дека нема напредок“, изјави Бланар во интервју за австрискиот весник „Пресе“.

Тој додаде дека руско-украинската војна изгледа како замрзнат конфликт кој не може да се реши со воени средства.

„Продолжувањето на конфликтот значи само дека ќе загинат уште многу луѓе. Затоа поддржуваме мирно решение. Пред се мора да помине низ Европската унија бидејќи е создаден како мировен проект и сакаме да се вратиме на таа оригинална идеја“, изјави шефот на словачката дипломатија.

Зборувајќи за политиката на новата словачка влада, Бланар рече дека владејачката коалиција сака суверена надворешна политика „која на прво место ги става граѓаните на Словачка“.
„Ние отфрламе се што може да биде лошо за нив. Ова се однесува, на пример, за оние санкции кои сериозно влијаат на економијата и животниот стандард на словачкото население. Русија очекува економски раст и покрај санкциите, додека ЕУ се лизга во рецесија“, посочи тој.

Тој нагласи дека да се биде членка на Европската унија не значи да се согласи на се.

„Ако нешто не се развива добро, сакаме да го критикуваме и да ставиме други предлози на маса“, рече Бланар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…