Словенечките пожарникари ја завршија својата мисија во Берово
На градскиот стадион во Берово денеска се одржа завршна средба по повод успешно завршената интервенција на словенечките и македонските пожарникари на планината Готен.
Претставникот на словенечките пожарникари, Роберт Шкрл изрази надеж дека со својата мисија помогнале успешно да биде завршена интервенцијата на пожарот на планината Готен.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пејовски упати благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, особено до словенечките пожарникари.
Во рамки на посетата, словенечките пожарникари ја посетија и улицата „Жан Кофол“, именувана во 2021 година по загинатиот словенечки пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарите во Берово, а подоцна го загуби животот во сообраќајна несреќа во Словенија.
Словенечките пожарникари дојдоа во земјава откако беше побарана меѓународна помош во гаснење на пожарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…